РУСИЈА НА СРЕД ВОЈНА РАСПРАВА ЗА БАРБИ! Думата предлага куклите да се забранат
Според Марија Бутина, член на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума, куклата Барби е придвижувач на ЛГБТ агендата, која е недозволива на територијата на Русија според Законот за забрана на ЛГБТ пропаганда.
Детските кукли што се продаваат во Русија не треба да промовираат нетрадиционални вредности за земјата, изјави денеска Марија Бутина, член на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума.
– Јас сум категорично против појавата на овие кукли во нашите продавници, на пример, трансродови луѓе или кукли кои промовираат истополови врски – изјави Бутина за РИА Новости.
Таа истакна дека за владините нарачки, на пример, кога се купуваат кукли за градинки, неопходно е фокусот да биде на домашните фабрики за кукли кои прават „убави играчки со вистинска порака“.
Според Бутина, куклата Барби е придвижувач на ЛГБТ агендата, која е недозволива на територијата на Русија според Законот за забрана на ЛГБТ пропаганда.