РУСИЈА ЌЕ ИМ ДАДЕ РАКЕТИ НА КУБА И НА ВЕНЕЦУЕЛА? Нова стратегија на Москва по неуспешните преговори

Техничко-воениот одговор што го најави Москва би можел да опфати распоредување на хиперсонични ракети во Калининград, како и во Белорусија, со постојано присуство на армијата на западните граници на Русија, а можеби дури и во близина на Соединетите држави.

1,500

Доколку НАТО не ги прифати руските безбедносни предлози и не го запре натамошното проширување на исток, рускиот претседател Владимир Путин би можел да одговори со хиперсонични ракети. Тој би можел да го постави ова најмодерно оружје во Калининград и Белорусија, но и на американскиот праг – во Куба и во Венецуела, пишува Информер, како нова стратегија за која Москва размислува.

– Сè зависи од потезите на нашите американски колеги – рече Сергеј Рјабков, заменик-министер за надворешни работи на Русија.






Рјабков, кој ја предводеше руската делегација на овонеделните разговори со САД во Женева. Тој рече дека нема ниту да ја потврди ниту да ја исклучи можноста Русија да им испрати воена опрема на Куба и на Венецуела.

Тој не спомна какво оружје може Путин да инсталира во Куба и Венецуела, но американскиот воен ветеран и аналитичар за меѓународна и безбедносна политика Марк Слобода рече дека тоа би можело да бидат хиперсоничните ракети.

– НАТО, ЕУ и САД во моментов не ги сфаќаат сериозно безбедносните предлози на Русија. Ќе се обидат да ги одолговлекуваат разговорите со Русија со месеци за да добијат време за „натоизација“ на Украина. Меѓутоа, Русија е свесна за тоа сценарио и изгледа подготвена за тоа. Кремљ се надева на најдоброто, но се подготвува за најлошото. Што точно има намера Русија во моментов не е познато, но знаеме дека таа секако не блефира – вели Слобода и додава:

– Техничко-воениот одговор што го најави Москва би можел да опфати распоредување на хиперсонични ракети во Калининград, како и во Белорусија, со постојано присуство на армијата на западните граници на Русија, а можеби дури и во близина на Соединетите држави.

Русија е разочарана од позициите на САД

Како што потсети американскиот аналитичар, Путин рече дека одговорот на НАТО и на САД ќе зависи од тоа што ќе му предложат воените експерти и посочи дека сите опции се на маса.

Дека Русија не блефира потврди и Александар Лукашевиќ, претставник на земјата во ОБСЕ. Тој на состанок на во Виена зборуваше за руските безбедносни предлози.

– Русија го претстави својот сет на безбедносни предлози, но не доби задоволителен одговор. Разочарани сме бидејќи очекувавме многу смислена реакција, сеопфатни дискусии. Нашите колеги имаа доволно време сеопфатно да ги проучат главните точки на руските предлози. Барем очекувавме посодржајна, инклузивна реакција – рече Лукашевич.

 

Москва ќе преземе мерки ако се пробие рокот

Рускиот диплмат рече и дека Москва ќе преземе „соодветни мерки“ доколку НАТО и САД не одговорат конструктивно на барањата на Русија во разумен рок.

– Доколку не добиеме конструктивен одговор во разумен рок и ако продолжи агресивната политика кон Русија, нема да имаме друг избор освен да извлечеме заклучоци и да ги преземеме сите неопходни мерки за да го зачуваме стратешкиот баланс на силите и да спречиме неприфатливи закани за нашата национална безбедност – рече Лукашенко.

Тој додаде дека секој обид за одложување на процесот на конструктивни преговори за руските барања, или нивно спуштање на ниво на бесмислена размена на мислења одново и одново, ќе резултира со неизбежно влошување на безбедносната ситуација за сите земји без исклучок.

Воведувањето санкции  ќе ја прелие чашата

Воведувањето санкции за рускиот претседател Владимир Путин, кое се споменува во САД, ќе ги премине сите граници, соопштија од Кремљ.

– Санкциите против шефот на државата се мерка која би ја преминала границата, тоа би било еднакво на прекин на односите – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Поврзани содржини