РУСИЈА ЌЕ ГУБИ ПО ТРИ МИЛИЈАРДИ МЕСЕЧНО, ЕВРОПА ПО ДВЕ Тоа е речиси еден годишен буџет на Македонија

Додека Москва губи повеќе од 40 отсто од приходот од извезената нафта во ЕУ, европските земји за нафтата увезена од други места заедно ќе имаат дополнителни трошоци од најмалку 2 милијарди долари месечно. Toa e во просек по 74 милиони евра по држава, иако поголемите држави трошат повеќе.

4,758

Најмалку 3,4 милијарди долари месечно би можела да губи Русија во првите месеци од новото ембарго на нафта за кое ЕУ постигна согласност, јавува Ројтерс. Руската федерација во моментов заработува и до 8,1 милијарди долари месечно извезувајќи 3 милиони барели во Европа. Поради ембаргото, Русија ќе мора да ги пренасочи извозот, но според аналитичарите од „Ристад“, ќе можат да бидат спасени само третина од количините.

За споредба, еден годишен буџет на Македонија изнесува меѓу 3 и 4 милијарди евра.






Ембаргото би требало да даде ефект, бидејќи Русија лани направила три пати повеќе пари од нафтата отколку од гасот, покажува следниот инфографик.

 

Според Ројтерс, ова значи дека Русија ќе загуби повеќе од Европа поради ембаргото. Додека Москва губи повеќе од 40 отсто од приходот од извезената нафта во ЕУ, европските земји за нафтата увезена од други места заедно ќе имаат дополнителни трошоци од најмалку 2 милијарди долари месечно. Toa e во просек по 74 милиони евра по држава, иако поголемите држави трошат повеќе.

Значи, соодносот е минус три милијарди за Русија, минус две за Европа, месечно. Ќе успее ли Европа до крајот на годината да забрани до 90 отсто од руската нафта? За многу аналитичари, гасот останува побитен од нафтата во политичката игра меѓу Истокот и Западот. Тоа е енергенсот кој тешко ќе може да биде заменет, поради далечината од која би требало да се носи течен ЛНГ од САД или пак да се склучат договори со други земји.

Следното видео покажува колку европските земји биле и се зависни од рускиот гас, од раните 90-ти до денес, според анализа на Еуростат. Количините се дадени во проценти зависност и во милиони кубни метри, а ја исклучуваат Швајцарија од равенката, за која нема јавни податоци.

 

 

Поврзани содржини