РУСИЈА ЈА КОРИСТИ ЛИБИЈА КАКО НОВО ЖАРИШТЕ? Мигрантите патуваат за ЕУ, Грција испрати воени бродови

Според неименуван дипломат од ЕУ, Русија ја користи Либија како центар на својата африканска стратегија и преку политички поврзани мрежи на шверцери, ја претвора миграцијата во алатка за влијание врз Европа.

350

Сè повеќе мигранти доаѓаат од Либија во Италија и Грција, додека Москва ги јакне своите позиции во северноафриканската земја, снабдувајќи ја со оружје и градејќи нова база во Тобрук, јави бриселски Политико.

Растот на бројот на мигранти ги натера Атина и Рим на итни мерки. Грција распореди два воени брода кај либискиот брег, а воведе и строги ограничувања за азил, стравувајќи дека Турција и Либија можат да го подели Средоземното Море за свои енергетски интереси.






– Либија е вонредна состојба што Европа мора да ја реши заедно – изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, нагласувајќи дека обидот на Европа да издејствува решение преку дипломатија се претворил во фарса.

Според неименуван дипломат од ЕУ, Русија ја користи Либија како центар на својата африканска стратегија и преку политички поврзани мрежи на шверцери, ја претвора миграцијата во алатка за влијание врз Европа.

– Вонредната состојба бара итни мерки и затоа грчката влада одлучи да ја извести Европската комисија дека ја суспендира обработката на барањата за азил за мигранти од Северна Африка – изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Само на Крит, од почетокот на годината, пристигнале 9.000 луѓе од Либија, двојно повеќе отколку во цела 2023 година. Мерките на Грција предизвикаа страв кај италијанските власти дека брановите мигранти ќе се прелеат кон нивните брегови.

ЕУ се обидуваше да го повтори договорот со Тунис, но дипломатите се скептични дека истиот модел ќе успее во дестабилизираната Либија.

Руското присуство во земјата се зголемува. Воената парада во Бенгази покажа руска техника и блискост на Кремљ со генералот Калифа Хафтар.

Според Политико, Москва се обидува да добие упориште во Медитеранот и планира инсталирање ракетни системи во либиските бази, што аналитичарите го гледаат како потенцијална закана за Европа.

Иако некои западни експерти се сомневаат дека Русија директно го води шверцот со мигранти, сите се согласуваат дека Москва соработува со локалните милиции, што и овозможува да ја контролира ситуацијата.

Италија и Грција бараат сојузници за да се справат со новиот бран, но Вашингтон и Париз досега покажале малку интерес.

Поврзани содржини