🎥 РОЗИ И МЕЛАНИЈА СИ ПОМУАБЕТИЈА, РОБОТОТ МУДРО МОЛЧЕШЕ Сопругата на премиерот Мицкоски на самит за вештачка интелигенција во Белата куќа
Во рамките на самитот, сопругата на премиерот Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп.
Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на САД, Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието, соопшти прес-службата на Владата.
Во рамките на самитот, сопругата на премиерот Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп.
Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција. Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.
Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together”, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествуваа претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компани.
View this post on Instagram