РОМКА ШНАЈДЕР И АЛЕНА ДЕЛОН Еве зошто треба да се проверува преведеното со Гугл Транслејт

Името Ален стана „Алена“.

2,106

Како се вика убавицата за која Ален Делон рекол дека таа е „жената на неговиот живот“?

Роми Шнајдер.






Но, не и кога „преведуваат“ некои македонски портали со помош на Гугл Транслејт.

Така, во еден ист текст објавен на еден портал, името на актерјката Шнајдер е напишано во неколку верзии:  Роми, Рома, но и – Ромка?!

Дури и починатиот Ален е прекрстен во – Алена.

Овие грешки се случуваат поради тоа што Гугл Транслејт се мачи со падежните форми во српскиот и во хрватскиот јазик, а македонските портали најчесто преземаат вести од порталите од Србија и од Хрватска.

Во тоа, се разбира, нема ништо лошо. Естрадната сцена во овие две земји ни е блиска, а и интересот и менталитетот на тамошната публика се совпаѓа со нашиот. Наспроти мислењата на некои наши локални „филозофи“, кои мислат дека се експерти за медиуми и насекаде околу себе гледаат само „дно дна“, поголем дел од онлајн медиумите во овие две земји, но и во Бугарија, добро си ја вршат работата.

Инаку, Гугл транслејт е корисна алатка за преведување, која брзо напредува. Само, треба да се знае како да се користи, да ѝ се знаат слабостите и секогаш внимателно да се провери преведеното.

занимливости, гафови, ромка шнајдер, алена делон,

 

 

Поврзани содржини