РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ТИВКО ПОРАДИ ВОЈНАТА Жителите на Витлеем го откажаа празнувањето Божик во солидарност со палестинските жртви
На плоштадот Мангер нема празнични светилки и новогодишна елка и толпи странски туристи кои пристигнуваат секоја година, јавува Франс 24. Само палестинските безбедносни сили патролираат.
Градот Витлеем каде што според Библијата се смета дека бил роден Исус Христос годинава нема да биде преполн со туристи. Наместо тоа неговите уличките ќе бидат празни со по некоја продавничка за сувенири. Град на духови. Минатиот месец, локалните водчаи во градот донесоа одлука да ги откажат сите јавни божиќни прослави. Според Асошиејтед прес, одлуката е донесена во знак на солидарност со палестинското население, бидејќи продолжуваат тешките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.
На плоштадот Мангер нема празнични светилки и новогодишна елка и толпи странски туристи кои пристигнуваат секоја година, јавува Франс 24. Само палестинските безбедносни сили патролираат.
Продавниците за сувенири се двоумеле дали да се отворат на Бадник, иако некои се отвориле откако дождот престанал. Но, има малку посетители.
– Оваа година ќе е без новогодишна елка и без светилки, има само темнина – рече Францисканот Џон Вин од Виетнам.
Тој веќе шест години живее во Ерусалим. Вели дека секогаш доаѓа во Витлеем за да го прослави Божиќ, но оваа година беше особено отрезнувачки кога гледаше во јаслите на плоштадот Мангер со бебето Исус завиткано во бела ткаенина, што потсетува на стотиците деца убиени во борбите во Газа. Околу плоштадот и во расадникот има шут и бодликава жица.
– Не можеме да го оправдаме поставувањето дрво и славењето како сè да е нормално, бидејќи некои луѓе во Газа немаат ни куќи во кои можат да одат – рече Ала’а Саламех, сопственик на ресторанот Afteem за фалафел на само неколку чекори од плоштадот.
Саламех вели дека Бадник обично е најпрометниот ден во годината.
Саламех рече дека неговиот ресторан работи со околу 15 отсто од нормалниот капацитет и не може да ги покрие оперативните трошоци. Тој оцени дека и по завршувањето на војната ќе биде потребна најмалку уште една година туризмот во Витлеем да се врати во нормала.
Во Витлеем се затворени 70 хотели, а туризмот сочинува околу 70 отсто од приходите и речиси сите пари се прават за време на божикната сезона.
Илјадници луѓе се без работа. Летовите кон Витлеем се откажани.
Во меѓувреме, во Газа, според тамошните здравствени влссти, од почетокот на војната убиени се повеќе од 20.000 Палестинци, повеќе од 50.000 се ранети, а околу 85 отсто од 2,3 милиони жители од енклавата се расселени.
Истовремено, се смета дека околу 1.200 Израелци беа убиени во нападот на Хамас врз Израел од 7 октомври со кој започна конфликтот.