РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА УБИЕНИ ВО БЕЛГРАДСКОТО УЧИЛИШТЕ НА ПРОТЕСТ Бараат Меморијален центар што ќе биде потсетник за општеството на трагичниот настан

Како мајка на убиено дете, последното нешто што ми треба е Меморијалниот центар. Му треба на ова општество - истакна Нинела Радичевиќ, мајка на едно од децата што беа убиени во крвавиот масакр што го направи 13-годишниот Коста К. во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во мај годинава.

205

Родителите на децата кои беа убиени во масакрот во белградското училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, како и голем број други граѓани, протестираат пред зградата на Владата на Србија, јавува Нова.рс. Тие се собраа точно во 8 часот и 40 минути, време кога почна масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Пред да стигнат до зградата на Владата, тие запалија свеќи и оставија цвеќе пред училиштето.






Нинела Радичевиќ, мајката на убиеното девојче Ана Божовиќ, објасни дека причината за нивното собирање е тоа што Советот на родители не гласал за вклучување на таткото на едно од убиените девојчиња во Училишниот совет, иако тоа е препорака на Министерството за образование.

Тие, исто така, сакаат да привлечат внимание на неопходноста од поставувањето на Меморијалниот центар во зградата на училиштето.

-Институциите мора да се вклучат во овој проблем и сакаме да го свртиме вниманието – рече Радичевиќ.

Таа се пожали дека родителите сè уште ја немаат добиено официјалната информација за Меморијалниот центар што ја бараат.

-Како мајка на убиено дете, последното нешто што ми треба е Меморијалниот центар. Му треба на ова општество – истакна Нинела Радичевиќ.

Насобраните родители тврдат дека е потребно достоинствено споменување и обнова на училишната заедница врз основа на хуманост и солидарност.

Да потсетиме, 13-годишниот Коста Кецмановиќ, тогаш ученик од седмо одделение, на 3 мај уби уште девет ученици и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград. Поминаа речиси седум месеци од масовното пукање, а некои родители бараат училиштето да се претвори во Меморијален центар. Но, има и друга група родители кои се против ова и предлагаат спомен-делот на училиштето да биде влезот во училницата и самата училница.

Поврзани содржини