РОДИТЕЛИ, ДА НЕ ПРЕТЕРАВТЕ МАЛКУ?! Слика од ултразвук, слика од бебето, слика од првиот чекор, првото запче, првата кашичка, …
Ако го погледнете збирот на сите информации што сте ги објавиле на Интернет, можеме да го добиеме вашиот Интернет профил, а со гледање на секој сегмент од тој профил, можеме да го добиеме вашиот дигитален отпечаток. Последиците од (претераното) споделување информации за нашите деца веројатно ќе ги разбереме дури кога ќе пораснат
„Sharenting“: англиски термин, создаден со комбинирање на зборовите „share“ (делење) и „parenting“ (родителство), се однесува на трендот на прекумерно споделување на личните податоци на детето од страна на родителите.
Да се биде одговорен родител и да се одгледува одговорно дете, не е лесна работа, а современите технологии ја прават таа работа уште посложена.
Објавувањето на детски фотографии и информации за детето на социјалните мрежи стана составен дел од родителството кај нас и ширум светот.
Многу родители не обрнуваат доволно внимание на она што го објавуваат јавно, односно на Интернет.
Така, за повеќето деца родени во последните 5-10 години, на социјалните мрежи можете да најдете некои или сите од следниве лични податоци: име на родители и членови на потесното семејство, слика од ултразвук, слика на новороденчето, мерки, датум на раѓање, место на раѓање, слики од првите чекори, прво хранење и уште многу „први“ настани и лични информации.
Експертите за безбедност ги предупредуваат родителите дека со прекумерното споделување, го ставаат своето семејство во безбедносен ризик и непотребно го оптоваруваат дигиталниот отпечаток на нивното дете.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.