РОДЕНО ПРВОТО БЕБЕ ЗАЧНАТО СО НОВИОТ „ФЕРТИЛО“ МЕТОД Технологија која ги намалува хормонските инјекции за ИВФ
Со овој метод се надминуваат главните предизвици на конвенционалното „Ин-витро“, како што се долгите циклуси на третман, значителни несакани последици и емоционален и физички напор
Компанијата „Гамето“ (Gameto) со седиште во Њујорк, САД, го објави раѓањето на првото бебе во светот зачнато со помош на новата технологија наречена „Фертило“ (Fertilo). Новороденчето дојде на свет во клиниката „Санта Изабел“ во Лима, Перу, и тоа претставува значителен напредок во лекувањето на неплодноста, елиминирајќи ја потребата од приближно 80 отсто од хормонските инјекции коишто се потребни за оплодување со вообичаената метода „Ин-витро“.
– Воодушевени сме што можеме да го прославиме првото раѓање на бебе зачнато со „Фертило“. Со надминување на главните предизвици на конвенционалното „Ин-витро“, како што се долгите циклуси на третман, значителни несакани последици и емоционален и физички напор, „Фертило“ обезбедува потенцијално побрзо, побезбедно и подостапно решение за семејствата.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.