РОДЕНИ СТЕ ПРЕД ИЛИ ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ? Денес се одбележуваат 59 години од скопскиот земјотрес
Главното прашање меѓу скопјани е она, дали сте родени пред или после земјотресот, а ако сте родени после, сигурно ќе ја слушнете и следната вообиачена реченица: Ех, тогаш ти ништо не знаеш за Скопје. Ние, генерациите после земјотресот пак, ќе воведеме ново прашање за новите генерации: Вие родени сте пред или после Скопје 2014? Ех, тогаш не знаете дибидус ништо за Скопје!
Денес (26.јули) се навршуваат 59 години откако Скопје беше уништено од катастрофален земјотрес. Движењето на земјата со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, што траел вечни 17 секунди, било регистрирано во 5 часот и 17 минути. Тоа сите го знаеме, а особено часовникот на старата Железничка станица кој застанал токму тогаш. Фала му на Бога не го поправија, иако имаше една таква, „брилијантна“ идеја. Онаа на поранешниот градоначалник Коце Трајановски.
Подоцна пак, она што не можел да го урне земјотресот, го урнаа луѓето. Ова особено се однесува токму на таа старата железничка станица, како најмаркантен симбол на градот. Па така, беше тргната изјавата на Тито (натписот што сведочеше за изјавата на преседателот на СФРЈ ѝ претходеше на светската солидарност во реизградбата на разурнатиот град, беше отстранет во 2001 година), а беше повторно вратена пред 4 години, за одбележувањето на 55-годишнината од земјотресот.
Ѕидот на кој беше поставена пораката на Тито беше премачкан за време на премиерувањето на Никола Груевски, а тогаш беа тргнати и урнатините, беа урнати пероните и уништени преостанатите вагони (еден од нив беше од славниот „Ориент експрес“, што самото по себе говори за значењето што овој град го имал некогаш). Тука некаде би ја сместиле и онаа идеја од почетокот на текстот, на Коце Трајановски, да го поправи часовникот на Старата железничка станица.
Како и да е, сѐ уште се живи луѓето чии блиски настрадале во земјотресот и сѐ уште ние останатите на кои нашите родители ни раскажувале за земјотресот, ги чуваме спомените за нив и за една од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и во Македонија: 26.јули 1963.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.