РОДЕНИ ПОД БОМБИТЕ Како изгледа киевското породилиште под руска опсада (ВИДЕО)
Околу 70 отсто од персоналот е тука цело време. Тие работат во смени. Единствената разлика е во тоа што раѓањата кои вообичаено траат подолго можат да започнат во одделението и да завршат во прифатилиштето, вели директорот.
Седејќи на импровизиран кревет во мрачен подземен ходник, бремената Алена Шинкар чита книга обидувајќи сè да се смири.
Украинката е во киевското породилиште и чека да се породи, но во градот кој е под опсада на ракети и гранати, нејзините нерви се на работ на пукање.
– Не треба да бидам под стрес сега и да се обидувам да се „оладам“, но она што се случува е страшно – изјави таа за Ројтерс.
– Живееме во вистински пекол. Никогаш не замислував дека вакво нешто е возможно во 21 век – вели Алена.
До неа е жена која штотуку се породила со царски рез и итно била пренесена во подземниот ходник бидејќи почнало бомбардирањето.
Ходникот е полн со млади мајки со новороденчиња во рацете. Јула, која на 28 февруари роди син, ги пофали вработените во болницата.
– Ние сме безбедни овде. Лекарите и медицинските сестри се најдобри во светот и ние сме многу горди на нив – вели Јула.
Директорот Дмитриј Говсеев вели дека поголемиот дел од персоналот не го напуштил породилното одделение од почетокот на инвазијата.
– Околу 70 отсто од персоналот е тука цело време. Тие работат во смени. Единствената разлика е во тоа што раѓањата кои вообичаено траат подолго можат да започнат во одделението и да завршат во прифатилиштето – вели директорот.
Алена се сеќава на почетокот на нападот. Таа пред инвазијата била во породилиште поради одржување на бременоста.
– Се разбудив во пет наутро поради ракетен удар. Слушнав експлозија и вресок на жени. Така почна. И не можев да верувам. Мислев дека е кошмар, но не е, тоа е сега со нас сега – рече таа.
– Се надевам дека тоа ќе живее во мир – рече таа, галејќи се по стомакот и мислејќи на своето дете кое треба да дојде на свет.