РОБОТОТ НА ТЕСЛА ПРОШЕТА ПРЕД ПРИСУТНИТЕ Оптимус ќе може да ги врши куќните работи за вас (ВИДЕО)
Секогаш сакаме да бидеме внимателни за да не тргнеме по патот на Терминатор, вели милијардерот и додава дека кај Оптимус предвидено е копче за стоп.
Долгоочекуваниот прототип на роботот Оптимус на компанијата Тесла беше претставен пред публиката во Силиконската долина во САД. Оптимус го добил името инспириран од познатиот робот од серијата Трансформерси. Тој ќе чини помалку од 20.000 долари, вели Илон Маск, најбогатиот човек на светот. Тоа е помалку до автомобилот Тесла. Илон вети и дека Оптимус нема да тргне по „лошите патишта на Терминатор“.
– Секогаш сакаме да бидеме внимателни за да не тргнеме по патот на Терминатор – вели милијардерот и додава дека кај Оптимус предвидено е копче за стоп.
Тој вети и дека Оптимус ќе има и женска верзија со изглед на жена-мачка. Таа ќе биде како жена-мачките во аниме-стриповите кои се инспирирани од јапонскиот фолклор.
— Elon Musk (@elonmusk) October 1, 2022
На луѓето им беше прикажано видео од Оптимус како извршува едноставни задачи, како што се наводнување растенија, носење кутии и кревање метални шипки. Роботот би бил достапен за купување за три до пет години. Она што го прави возбудлив е фактот што тој ги користи истите алгоритми за да се снаоѓа во просторот како една електрична Тесла која треба сама без возач да се снајде во сообраќајот.
Илон Маск е инспирација за техно-ентузијастите. Најновата информација поврзана со него доаѓа од група луѓе кои направија криптовалута во негова чест, именувајќи ја Илон Козата (Elon the Goat). Тие направија споменик од Илон со тело на коза, како се искачува на ракета. Споменикот го шетаат од град во град во Америка за на крај да му го подарат нему со надеж дека можеби ќе сака да го вивне во вселената при следното лансирање на ракета од неговата компанија Спејс-Икс.
Ако ништо друго, компанијата смислила супер начин да се изрекламира себеси.