РОБОТОТ КОЈ ЛУПИ БАНАНИ ЗА 3 МИНУТИ Во иднината машините ќе ни варат кафе (ВИДЕО)

За да го научи ова, на роботот стотици пати му било демонстрирано дејството на лупење. Биле потребни 13 часа за да научи.

354

Јапонски робот успева да излупи банана  во 6 од 10 случаи, односно со 57 отсто успешност. Во видео објавено на јутјуб, на роботот со две раце му требаат околу три минути за да ја излупи бананата. За да го научи ова, стотици пати му било демонстрирано дејството на лупење. Биле потребни 13 часа за да успее.






Јасуо Кунијоши, еден од двајцата научници кои го создале роботот се надева дека во иднина тие ќе ги ублажат проблемите со недостигот на работна сила во Јапонија, на пример, околу пакување кутии за ручек со прегради или во фабриките за преработка на храна кои во голема мера зависат од човечки труд.

Поврзани содржини