РОБОТИТЕ ГИ ЗАМЕНУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО СИНГАПУР Чистат, прават кафе, ‘рмбаат по фабрики…(ВИДЕО)

Секако, тука се и популарните роботи од „КраунДиџитал“ кои работат на шанк.

1,678

Роботите веќе ги заменуваат обичните луѓе во повеќе индустрии во Сингапур, а пандемијата и светската криза придонесоа за тоа. На секои 10.000 вработени во земјата во моментов има 605 роботи, нешто помалку од Јужна Кореја која е лидер во светот со 932.






На видеото може да се види роботот на „Бостон Дајнамикс“ кој  за компаниите анализира земја каде е погодно да се гради. Во исто време над 30 метроа во Сингапур користат роботи кои варат кафе за патниците. Два роботи користи Националната библиотека за да скенираат налепници на 100.000 книги, третина од вкупниот фонд.

Секако, тука се и популарните роботи од „КраунДиџитал“ кои работат на шанк.

 

Поврзани содржини