РОБОТИТЕ ЌЕ НИ ВРШАТ 40% ОД РАБОТИТЕ Богатите домаќинства ќе имаат далеку повеќе слободно време?
Лошата вест е дека роботите ќе можат да нè прислушкуваат додека ни ги вршат работите. Исто така, овој луксуз што ќе значи повеќе слободно време, веројатно ќе го имаат само богатите семејства.
Времето за купување намирници во продавница ќе ни се скрати и до 60 отсто, а вкупно 39 отсто од сите наши домашни обврски ќе можат да бидат извршувани од роботи почнувајќи од следната деценија. Вака вели истражувањето на 65 британски и јапонски експерти. Тие се загрижени дека има неколку проблеми со ова ново удопство на вештачката интелигенција(ВИ), јавува Гардијан.
Првиот проблем е тоа што ова би значело голем „напад врз нашата приватност“, предупредила една од авторките на студијата објавена во списанието „Plos One“. Робот кој е еквивалент на познатата Алекса би можел да слуша и да снима што правиме и да известува за тоа, вели Екатерина Хертог, вонредна професорка по вeштачка интелигенција на Универзитот во Оксфорд.
– Не мислам дека ние како општество сме подготвени да управуваме со тој голем напад врз приватноста.
Вториот проблем, според неа, е што уште толку ќе се зголеми нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните. Богатите семејства ќе имаат далеку повеќе слободно време.
Професорката вели дека нашиот оптимизам дека роботите ќе вршат сè за нас е сличен на прашината што се крена со самовозечките таксија, кои „сепак уште не сме ги натерале да функционираат како што треба “.
Од обврските кои ќе паднат на нас, а најмалку на роботите, во иднина, тоа ќе бидат грижата за стари лица или пак за децата. Во овој сектор, само 28 отсто од обврските би биле автоматизирани.