📽️ РОБОТИТЕ ЌЕ НÈ ОСЛОБОДАТ ОД РАБОТА, ВЕЛИ МАСК За 10 години од сега работењето ќе биде хоби?!

Вештачката интелигенција и хуманоидните роботи всушност ќе ја елиминираат сиромаштијата, изјави милијардерот Илон Маск, додавајќи дека човештвото мора да се подготви за „структурни промени“ кои ќе го преобликуваат општеството.

0

Технолошкиот визионер и еден од најбогатите луѓе на планетата Илон Маск изјави дека светот влегува во најрадикалната промена во човечката историја – ера кога луѓето повеќе нема да мора да работат.

Говорејќи на американско-саудискиот форум во Вашингтон, тој предвиде дека во рок од 10 до 20 години, вештачката интелигенција и хуманоидните роботи целосно ќе ја елиминираат сиромаштијата.






– Вештачката интелигенција и хуманоидните роботи всушност ќе ја елиминираат сиромаштијата – изјави Маск, додавајќи дека човештвото мора да се подготви за „структурни промени“ кои ќе го преобликуваат општеството.

 

Маск, кој управува со „Тесла“, „Спејс-Икс“ и „xAI“, истакна дека цивилизацијата се движи кон свет во кој традиционалната работа ќе стане избор, а не потреба.

– Моето предвидување е дека работата ќе биде опционална. Ќе биде како занимавање со спорт или играње видеоигри. Може да купите зеленчук во продавница, а можете и да го одгледувате дома. Многу е потешко, но некои луѓе тоа го прават затоа што сакаат. Така ќе биде и со работата – избор, а не обврска – нагласи тој.

Притоа Маск подвлече дека технолошката револуција ќе создаде нови вредности и дека креативноста, а не продуктивноста, ќе стане најважната човечка способност.

Поврзани содржини