📽 РОБОТИ-ЖЕНИ ГО „УКРАДОА“ ШОУТО ВО ПЕКИНГ Чекореа елегантно управувани од вештачката интелигенција
Еден друг робот, пак, човеколик, тежок 35 килограми, а висок 130 сантимтри, наречен Unitree G1, беше пофален за своите перформанси, тоа што може да се движи со 2 метри во секунда и има напредни раце за контрола на силата со три прсти, со максимален вртежен момент на зглобот на коленото од 120 њутн метри.
Згодни роботи-жени управувани со вештачка интелигенција (ВИ) го „украдоа“ шоуто на Светската конференција за роботи во Пекинг на 21 август оваа година. Тие продефилираа меѓу посетителите како на модна писта со речиси човечки чекор.
Еден друг робот, пак, човеколик, тежок 35 килограми, а висок 130 сантимтри, наречен Unitree G1, беше пофален за своите перформанси, тоа што може да се движи со 2 метри во секунда и има напредни раце за контрола на силата со три прсти, со максимален вртежен момент на зглобот на коленото од 120 њутн метри.
Овој модел, лансиран оваа година, може да се купи на наддавање почнувајќи од 13.874 американски долари.
Интересно е што овие човеколики роботи можат да бидат искористени како работна сила во фабриките.
– Во моментов, хуманоидните роботи во фабриките за автомобили работат со околу 20 проценти од човечката ефикасност, но очекуваме таа бројка да достигне скоро 100 проценти во следните една до две години. Роботите можат да работат 24/7, што значи дека нивната вкупна ефикасност ќе ја надмине таа на луѓето – изјави Грег Ге, водачот на алгоритмот за контрола на движењето на хуманите роботи УБТЕХ.
Тој вели дека вештачката интелигенција значајно го забрзала развојот на роботите кои имитираат луѓе.
From Beijing World Robotics Conference:
— AI Breakfast (@AiBreakfast) August 25, 2024