РЕТКА ФОТКА ОД СТРАШНОТО НЕВРЕМЕ ВО БЕЛГРАД СТАНА ХИТ „Личи како сцена од научнофантастичен филм“

Друга пак застрашувачка снимка доаѓа од Загреб. Таму луѓе биле заглавени на жичницата Сљемен во текот на невремето и успеале да го снимат кобниот момент. Силниот дожд удирал по стаклото на гондолата додека таа се нишала.

2,140

Застрашувачка фотографија од невремето во Белград сликано од далеку стана хит на социјалните мрежи. Необично големиот облак од бурата кој го надвиснал главниот српски град според инстаграмџиите личи на сцена од познатиот филм „Ден на независноста“ во кој над Њујорк доаѓа огромен матичен вонземски вселенски брод за го потчини човештвото. Други пак пишуваат „Путине, си ја промашил целта“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)






Српските медиуми објавија и снимки од кранот во Белград кој се струполи во бурата, но и од луѓе како врискаат по улиците. Невремето ги зафати и Хрватска, делови од Словенија и од Босна и Херцеговина.

А уште една застрашувачка снимка доаѓа од Загреб. Таму луѓе биле заглавени на жичницата Сљемен во текот на невремето и успеале да го снимат кобниот момент. Силниот дожд удирал по стаклото на гондолата додека таа се нишала.

 

@dojson22 #fy #fyp #zagreb #žičara #sljeme #storm ♬ original sound – Đoki

„Доживотна траума!“, „Ова е дефинитивно најлошото место за време на бура“, „Тешко ми е само да го гледам ова од далечина“, „Ќе умрев од страв, се плашев и без бурата“, „Ова се вика на погрешно место во погрешно време“, “Овие ќе имаат трауми“, се само дел од коментарите.

(ВИДЕО+ФОТО) „СУПЕРЌЕЛИЈСКАТА“ БУРА НАПРАВИ ПУСТОШ НИЗ ПОЛОВИНА ЕКС-ЈУГОСЛАВИЈА! Жртви, повредени, големи штети во Загреб, Крањ, Нови Сад, Белград, Брчко, Бања Лука…

 

Поврзани содржини