РЕКИТЕ СЕ ЗАГАДЕНИ СО ЛЕКОВИ Четвртина од нив се непогодни за живот на водни организми

Уште еден вид на загадување алармира дека во иднина треба да преземеме драстични мерки за да ја сочуваме планетата.

110

Парацетамол, кофеин, никотин и лекови против епилепсија се најчестите најдени состојки во реките ширум светот, откри истражување на на Универзитетот Јорк од Торонто.

Загадувањето на реките со фармацевтски продукти може да има катастрофални последици по светското здравје, се вели во извештајот на истражувањето кое е спроведено на глобално ниво.






Реките во Етиопија, Пакистан и во Боливија се најзагадени додека оние во Исланд и Норвешка се најчисти покажаа резултатите.

Иако оваа тема не е доволно истражена засега е сигурно дека присуството на вакви хемикалии во реките има влијание на размножувањето на рибите. Истражувањето испита вода од преку 1000 различни локации во 100 земји ширум светот и заклучи дека дури четврина од нив содржат „активни фармацевтски состојки“ кои се небезбедни за водните организими.

Покрај лековите во реките се детектирани и поголеми количини на „животен потрошен материјал“ како што се кофеинот и никотинот. Загадувањето варира од регион до регион па така во Африка најчесто е пронајден артемисин кој е составен дел од лекови против маларија.

Најзагадените локации се наоѓаат во земји кои се со ниски и средни примања и во области каде што има одлагање на отпадни води.

Поврзани содржини