РЕДОВНИ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ Превентивните прегледи се важни и од финансиски аспект

Иако сѐ повеќе жени одат на превентивни гинеколошки прегледи во земјава, сѐ уште има пациентки кои доаѓаат во подоцнежна и потешка фаза на карциноми, поради што не успеваат да го вратат квалитетот на животот, како пред болеста, беше нагласено на прес-конференција по повод Неделата на женското здравје

186

На прес-конференција по повод Неделата на женското здравје 2024 година, се потенцираа редовните превентивни прегледи, раното откривање на здравствените проблеми, како и информирањето на сите жени во земјава, дека изборот на матичен гинеколог е од клучна важност за редовните превентивни прегледи.

Според претседателот на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, професор доктор Глигор Тофоски, субјективно, имаат чувство дека многу поголем број жени доаѓаат превентивно и порано на прегледи.






„Успеавме дел од жените да дојдат порано на преглед и со помала интервенција да продолжат со нормален квалитет на живот понатаму“, рече Тофоски.

Но, како што информираше тој, сѐ уште имало пациентки кои доаѓаат со понапредни карциноми, во потешка фаза. Тој спомена анализа од Министерството за здравство, според која, таквите пациентки никогаш не се вражаат на квалитетот на животот како пред болеста, а ја спомена и финансиската димензија.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини