📷 РАЗЛИЧНА ОД ДРУГИТЕ Меланија Трамп се појави во јавноста по подолго време, еден детал предизвика критики

Меланија Трамп во друштво со Џил Бајден, Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лора Буш, присуствуваше на комеморацијата во Атланта за поранешната прва дама Розалин Картер, која почина на 28 ноември.

2,341

Сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија, по долго време се појави во јавноста. Поранешната прва дама на САД присуствуваше на комеморацијата во Атланта за поранешната прва дама Розалин Картер, која почина на 28 ноември.

Меланија се појави во друштво на сегашната прва дама Џил Бајден и поранешните први дами на САД, Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лора Буш.






Сепак, нејзиниот изглед предизвика многу критики на социјалните мрежи, поради изданието во кое се појави. За разлика од останатите први дами, Меланија не облече црно, туку се појави во сив капут и со тоа предизвика бурни реакции.

„Колку без почит“, „Носеше сив капут само за да се истакне“ и „Зошто не облече само црн капут?“  ова се дел од коментарите што се појавија на социјалните мрежи за сопругата на Доналд Трамп.
Но, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана, пишувајќи дека со своето издание покажала почит и дека не носат сите црно во вакви прилики.

Поврзани содржини