РАЗГОВОР СО ДЕЦАТА ЗА СЕКС, МЕНСТРУАЦИЈА И СЛИЧНИ ТЕМИ Зошто ни е толку непријатно и што треба да им кажеме?
Истражувањата покажуваат дека, токму поради тоа што темата секс им е достапна како на послужавник преку социјалните мрежи и медиумите, додека од друга страна за тоа не се зборува многу во семејствата – децата влегуваат во својата прва врска исклучително рано, најчесто на возраст од 14 години (повеќе од 40% од испитаниците).
Зборувањето за секс, менструација, сексуално преносливи болести и за тоа од каде доаѓаат бебињата е една од најтешките задачи за повеќето родители денес.
И тоа, порадо една (или две) едноставни причини – затоа што од мали нозе нè учеле дека е тоа „срамота“, дека се тоа теми за кои не треба да се разговара и пред сè, затоа што никој не разговарал со нас за тоа, како што треба.
Еден од најпочитуваните психолози денес, д-р Беки Кенеди, ги советува родителите како да најдат сила и слобода да разговараат на овие теми со своите деца и како да им ги прикажат на децата.
Нашиот народ има уште еден не многу рационален страв.
А тоа е дека, зборувајќи за тоа, ќе ги потурнат децата на експериментирање и ќе ги поттикнат да станат сексуално активни пред време.
Повеќе за ова прочитајте на „Мајка и дете“.