РАЗГЛОБЕНА ЗАГАДОЧНАТА „КОЦКА“ НА МЕСЕЧИНАТА Кинескиот ровер снимил необичен камен

Од ЦНСА процениле дека објектот бил оддалечен на околу 80 метри. Според нив, ќе бидат потребни два или три месеци за да се достигне „коцката“. А, како што роверот се прибилжува се оцртуваат контурите на еден необичен месечев камен. Неговиот геометриски изглед со остри линии на хоризонтот беше едноставен трик на перспективата, светлото и сенката на Месечината.

1,235

Загадочната кинеска „коцка на Месечината“ , која на почетокот на декември минатата година ја сними кинескиот ровер негде во далечината, повеќе не е мистерија. „Јуту-2“ конечно направи поблиски фотографии на кои се гледа дека се работи за карпа со коцкаст облик, пишува НаученАларм, а не за „мистериозна колиба“, како што отпрвин беше наречена од Кинеската вселенска администрација, ЦНСА.

 






Од ЦНСА процениле дека објектот бил оддалечен на околу 80 метри. Според нив, ќе бидат потребни два или три месеци за да се достигне „коцката“. А, како што роверот се прибилжува се оцртуваат контурите на еден необичен месечев камен. Неговиот геометриски изглед со остри линии на хоризонтот беше едноставен трик на перспективата, светлото и сенката на Месечината.

Во  ажурираната  објавена во петокот, Our Space ја објави најновата фотографија на роверот од својата цел, подолу.

Еден од контролорите на роверот напишал и дека карпата е обликувана како зајак, а пред неа има помали карпи кои личат на моркови. Името на роверот, „Јуту“, значи „зелен зајак“ – што сега е и името на карпата.

 

„Јуту-2“ стигна на Месечината во јануари 2019 година, кога леталото Chang’e-4 ја допре површината на Месечината и отвори рампа за роверот да се спушти. Тоа беше првата мисија која слета на далечната страна на Месечината.

Три години оттогаш, „Јуту-2“ извозе над еден километар. Неговата прва мисија завршила за само три месеци кога тој барал да скенира примерок од длабочината на месечевата почва, со помош на радар кој продира во земјата, а успеал и да идентификува карпи од внатрешната месечева кора. Тие карпи „Јуту-2“ ги нашол на површината, кајшто биле турнати пред милијарда години кога астероид удрил во Месечината.

 

Поврзани содржини