„РАСТУРА“ АПЛИКАЦИЈА ЗА ДОПИШУВАЊЕ СО ИСУС КРЕИРАН СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА За претплата, апликацијата нуди можност и за „муабет“ со Сатаната

Апликацијата, базирана на технологијата ChatGPT, им ветува на корисниците „духовно патување“ и „просветлувачки разговори“ со интерпретации на овие историски личности со вештачка интелигенција.

741

Новата апликација наречена „Text With Jesus“ („Допишувај се со Исус“) го привлекува вниманието на корисниците ширум светот бидејќи дозволува виртуелни разговори со библиски ликови, вклучувајќи ги Исус, Марија и Јосиф.

Апликацијата, базирана на технологијата ChatGPT, им ветува на корисниците „духовно патување“ и „просветлувачки разговори“ со интерпретации на овие историски личности со вештачка интелигенција.






Апликацијата Text With Jesus, развиена од Стефан Питер, претседател на Catloaf Software, им нуди на корисниците можност да разговараат со ликовите на „Светото семејство“. Исус ги поздравува корисниците со зборовите: „Поздрав, пријателе! Јас сум Исус Христос, тука сум да разговарам со вас и да понудам водство и љубов. Како можам да помогнам денес?”

За месечна претплата од 2,99 долари, корисниците можат да комуницираат и со исусовите ученици, покрај неколкумина како Андреј и Филип. Достапни се и ликови од Стариот завет како Адам и Ева, како и сатаната, пишува Bussines Insider.

„АИ Исус“ им овозможува на корисниците секојдневни молитви и толкувања на библиски стихови. Сепак, апликацијата избегнува контроверзни теми како хомосексуалноста, каде АИ Исус истакнува дека толкувањата на тие стихови се разликуваат меѓу поединците и верските традиции.

Апликацијата „АИ Сатана, од друга страна, доаѓа со прилично изненадувачки одговори. Додека споменува дека хомосексуалноста е грев според Библијата, тој исто така ја нагласува важноста на љубовта и почитта кон другите.

Некои свештеници изразија различни реакции за апликацијата. И покрај тоа што ги признаваат корисните аспекти, како што се дневните молитви, тие нагласуваат дека апликацијата не може да замени подлабока религиозна интеракција и разбирање.

И покрај контроверзноста и скептицизмот апликацијата „Допишувај се со Исус“ го привлече интересот на корисниците и создаде платформа за дискусија за верата, толкувањата и современите морални прашања.

Иако авторот на апликацијата Стефан Петар не се консултирал со теолошки експерти, тој ги покани црковните водачи да ја тестираат апликацијата за да обезбедат инклузивност и разновидност на одговорите.

Поврзани содржини