РАСТЕ КАКО ПЛЕВЕЛ, А ЗДРАВ Е КАКО РИБА, ОРЕВИ, ГРАВ И САЛАТА Наместо да го корнете, додадете го во салати и во чорби
Можеби и вие се чудите што чудо е ова што постојано ви никнува по саксиите и во градините без да го садите, па постојано го корнете, а тоа сѐ повеќе расте. И ние го правевме истото сѐ додека не откривме дека е одличен актиоксидант, лекува холестерол и висок крвен притисок
Ова растение расте кај што не го садите и веројатно повеќето од вас го сметаат за бескорисен плевел. Веројатно го корнете кога ќе го здогледате како неповикано, односно, незасадено, повторно ви никнало некаде низ дворот или во некоја саксија што сте ја намениле за некое друго растение.
И ние го правевме истото или, во најдобар случај, го остававме да си расте по саксиите кога не сме дома подолго време па и онака нема кој да ни ги наводнува веќе познатите корисни билки како босилек, копар, жалфија и нане. Сѐ додека не сфативме дека станува збор за корисна билка која, велат, е поздрава од многу други кои ни се познати одамна.
Станува збор за толчник (Portulaca oleracea), едногодишно тревно растение од семејството Portulacaceae кое го нарекуваат и туња, тушац, тушњак, трева и ледена трева.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.