РАКОТ СЕ ЛЕКУВА, ПОТРЕБНА Е САМО ПРЕВЕНЦИЈА Наташа Булеска, активистка за борба против рак на дојка апелира за скрининзи
Кај нас, за жал, многу често се оди на лекар кога болките се неподносливи и симптомите веќе укажуваат дека нешто сериозно се случува, вели за МИА Наташа Булеска, активистка за борба против рак на дојка.
Ракот се лекува скоро во сите форми. Има типови рак кои се многу излечиви и кои се многу познати на медицинските стручњаци, меѓутоа, се лекуваат доколку се рано детектирани, во рана фаза, додека не се системски многу проширени и не се зафатени некои витални органи. Кај нас, за жал, многу често се оди на лекар кога болките се неподносливи и симптомите веќе укажуваат дека нешто сериозно се случува, вели за МИА Наташа Булеска, активистка за борба против рак на дојка.
Булеска, која и самата пред десетина години се изборила со рак на дојка, смета дека здравствената култура кај нас во смисла на превенција е на пониско ниво. Иако во државата има неколку програми за скрининг на рак, таа вели дека познава само неколку здрави луѓе кои биле повикани да појдат на превентивен преглед.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.