РАКЕТАТА ЗА МАРС СТОИ НА ЛАНСИРНАТА РАМПА Илон Маск прво ќе ја тестира во орбита околу Земјата (ФОТО)

Ракетата е веќе на лансирната лампа, но државните регулатори и FAA (Сојузната управа за цивилно воздухопловство во САД) мора да дадат „зелено светло“. Маск постираше слики од леталото кое ќе има 39 моќни „Раптор“ мотори.

1,573

„Старшип“ или по нашки „вселенски брод“ се вика ракетата со која милијардерот Илон Маск планира да замине за мисија на Марс, но иако за мисија е уште рано, ракетата е подготвена за тестирање и, ако сѐ оди по планот, ќе ја заобиколи Земјата во едно пробно летање во месец мај. Маск постираше слики од леталото кое ќе има 39 моќни „Раптор“ мотори, пишува Футуризам.

 






Досега компанијата „Спејс Икс“ на Маск имаше неколку проби на својата ракета, а последната заврши со голема експлозија. Да се надеваме дека новиот прототип „Ship 20“, ќе помине добро.

Ракетата е веќе на лансирната лампа, но државните регулатори и FAA (Сојузната управа за цивилно воздухопловство во САД) мора да дадат „зелено светло“, а конечниот извештај се очекува на 28 март.

Поврзани содржини