РАКЕТАТА НЕ БИЛА НА МАСК, ТУКУ НА КИНЕЗИТЕ Ќе удри во Месечината на 4 март

Па сепак, ако се работи за кинеската ракета, останува прашањето, каде е ракетата на Маск? Тоа што е единствено сигурно засега е дека ракетата на 4 март ќе експлодира при ударот со месечевата кора.

1,860

Ракета која била лансирана во 2014 година, а се очекува на 4 март да се судри во Месечината ги збунува научниците и јавноста. Откако се мислеше дека тоа е една од убавиците на „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс-Икс“ на милијардерот Илон Маск, сега, истиот научник кој ја набљудува ракетата објави дека згрешил и дека се работи за кинеската „Chang-e 5-Т1“, која испрати мало летало на Месечината истата година, пишува Би-Би-Си.

Аналитичарот Бил Греј за својата грешка објави на интернет. Неговото ново, изменето откритие го потврди и професорот Џонатан МекДауел од Центарот за астрофизика Харвард-Смит. МекДауел е 80 отсто сигурен дека сега тоа е кинеската ракета, а за Би-Би-Си изјавил дека постои „внатрешна нејасност“ кога се идентификува вселенското ѓубре кое плови во вселената и дека грешки, едноставно, се случуваат.

 






Ова можеби се должи на фактот дека во САД за следење е задолжена американската војска, но само за објекти блиску до Земјата. Сè што е подалеку останува незабележано. За случајот со оваа ракета се дозна благодарение на волонтери.

„Ние се потпираме на мал број волонтери кои го прават тоа на свое време. Значи, ограничен е просторот за да правиме вкрстени проверки“, напишал тој на социјалните мрежи, мислејќи на тоа дека податоците би било убаво да ги проверат неколку научни институции.

Со оваа изјава се согласи и Европската вселенска агенција ЕСА.

„Ова откритие кое сè уште е во развој ја нагласува потребата за засилено следење на вселената и поголема размена на податоци помеѓу операторите на вселенските летала, компаниите кои лансираат и заедниците за астрономија и вселенски надзор“.

Па сепак, ако се работи за кинеската ракета, останува прашањето, каде е ракетата на Маск? Тоа што е единствено сигурно засега е дека ракетата на 4 март ќе експлодира при ударот со месечевата кора.

 

Поврзани содржини