РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ЌЕ СЕ УРНЕ ВО МЕСЕЧИНАТА Беше залутана, сега е вселенско ѓубре
Астрономите веруваат дека ракетата, која веќе ја нарекуваат „четири тони вселенски ѓубре“, е на пат да се вкрсти со Месечината со брзина од околу 2,58 km/s за неколку недели. При сударот, ќе може да се види што од под месечевата почва ќе излезе на површината и со тоа да ни се разреши мистеријата што се крие под површината на Месечината.
„За оние кои прашуваат: да, стара ракета од типот „Фалкон 9“ која беше лансирана во 2015 година ќе се судри во Месечината на 4 март. Интересно е, но не е голема работа.“
Вака напиша на Твитер астрофизичарот Џонатан Мек Дауел за несреќната ракета на милијардерот Илон Маск, која имаше доволно гориво за да излезе од атмосферата, но не и да ѝ се спротивстави на гравитацијата на Месечината. Оттогаш ракетата хаотично лута. „Фалкон 9“ со себе носела сателит кој требало да направи меѓупланетарна мисија во нашиот сончев систем, пишува Гардијан.
For those asking: yes, an old Falcon 9 second stage left in high orbit in 2015 is going to hit the moon on March 4. It’s interesting, but not a big deal.
— Jonathan McDowell (@planet4589) January 25, 2022
Не ја преминавме Лагранжовата точка
Моторите на „Фалкон 9“ откажале во клучен момент, на самиот излез од Земјината орбита. Постои една точка, која се вика Лагранжова точка, место каде повлекувањето од Земјата и од Месечината се неутрализираат, а по таа точка се смета дека ракетата „се откачила“ од влијанието и дека може да продолжи понатаму. Моторите, сепак, откажале пред леталото да ја достигне оваа точка.
Секако, ракетите на „Спејс Икс“ можат и да се враќаат на Земјата каде обично пак ги користат за следни мисии. Но, немало доволно гориво ни за тоа.
„Во оваа фаза (ракетата) беше доволно високо што немаше доволно гориво за да се врати во атмосферата на Земјата, но исто така „немаше енергија за да избега од гравитацијата на системот Земја-Месечина“, објасни метеорологот Ерик Бергер во неодамнешниот пост на Ars Technica.
Четири тони вселенско ѓубре
Астрономите веруваат дека ракетата, која веќе ја нарекуваат „четири тони вселенски ѓубре“, е на пат да се вкрсти со Месечината со брзина од околу 2,58 km/s за неколку недели.
Бил Греј, кој пишува софтвер за следење објекти блиску до Земјата, астероиди, помали планети и комети, рече дека горната етапа на „Фалкон 9“ многу веројатно ќе ја погоди далечната страна на Месечината, во близина на екваторот, на 4 март.
Ќе гледаме каква прашина ќе излезе кога ќе удри
Аналитичарот на податоци во неодамнешниот блог пост рече дека објектот „прелетал блиску покрај Месечината на 5 јануари“, но ќе има „одредено влијание на 4 март“.
„Ова е прв ненамерен случај (на оставање вселенско ѓубре на Месечината) за кој сум свесен“, напишал тој.
Научниците сепак, сакаат да научат нешто од овој судар. Бергер верува дека ќе може да се види што од подземјето на Месечината ќе биде исфрлено при ударот. Многу научници веруваат дека под месечевата почва има замрзната вода, нешто што пробува да го истражи роверот кој го испрати Кина кој е веќе таму.