РАБОТЕЊЕТО ОД ДОМА Е ПОДОБРО ЗА ЗДРАВЈЕТО Германска студија ги покажала предностите на онлајн работата
Вработените кои работат од дома многу помалку се жалат на здравствени проблеми отколку вработените кои работат во канцеларија, покажала студијата на Универзитетот во Констанц, Германија.
„Работниците кои мораат да бидат присутни на работното место имаат двојно поголема веројатност да се
жалат на здравствени проблеми како што се исцрпеност или стрес отколку работниците кои работат од
дома“, вели Флоријан Кунзе, раководител на студијата на Универзитетот во Констанц.
Во исто време, покажува студијата, вработените на работното место не чувствуваат дека нивните
перформанси се повисоки отколку кога работеле од нивниот дом.
„Компаниите треба по секоја цена да ги земат предвид резултатите од оваа студија кога донесуваат одлуки дали да ги принудат вработените да се вратат на нивните работни места“, вели Кунзе.
Коавторот на студијата Килијан Хампел посочува на податоците од студијата кои покажуваат дека третина од
водечкиот кадар смета дека враќањето на обврската за доаѓање на работното место е значајно, додека само
една петтина од вработените го делат ова мислење.
Според последните податоци за 2022 година, 24 отсто од вработените во Германија работеле од дома
постојано или повремено.
Според истражувањето на Институтот Yougov, дури 47 отсто од испитаниците би почнале да бараат нова
работа доколку работодавачот им забрани да работат од дома.
По пандемијата, за време на која работата од дома мораше да се овозможи секаде каде што е можно,
работодавачите се враќаат на обврската работниците да бидат присутни на работното место, при што
многумина се служат со моделот според кој 60 проценти од работното време се поминува на работното место,
а 40 проценти во домашна канцеларија.