РАБОТА ОД 9.000 ГОДИНИ ЗАВРШЕНА ЗА 36 МИКРОСЕКУНДИ! Нов квантен процесор работи на обична светлина
„Бореалис“ користи „изливи“ на светлина за да пренесе квантна информација. Тоа е ѕвер од чип, кој содржи до 219 кјубити, а само 129 биле искористени во ова истражување. Истражувачите веруваат дека квантните чипови базирани на фотони најмногу ќе се користат во иднината, бидејќи можат да се трпат уситнување на деловите за разлика од стандардните чипови кои речиси и да не можеме повеќе да ги намалуваме.
Користејќи квантен компјутерски чип кој не работи на струја туку на светлина, истражувачите од Торонто, апсолутно ги смачкаа најбрзите компјутери и алгоритми на денешницата. Според нивниот труд, објавен во Nature, на денешен суперкомпјутер би му требале околу 9.000 години за да го пресмета она што нивниот квантен чип „Бореалис“ го проби за само 36 микросекунди, пишува ИФЛ Наука.
На чипот му било зададено да зема примероци од т.н Гаусови бозони, субатомски честички. За тоа да го направи, тој треба да ја пресмета веројатноста на мерењето на бозонот, на секој излез од „струјното“, односно светлосно коло. Со оваа техника може и да се измери колку е брз еден квантен чип. Таа набрзо стана репер за ваквите мерења.
„Бореалис“ користи „изливи“ на светлина за да пренесе квантна информација. Тоа е ѕвер од чип, кој содржи до 219 кјубити, а само 129 биле искористени во ова истражување. Истражувачите веруваат дека квантните чипови базирани на фотони најмногу ќе се користат во иднината, бидејќи можат да се трпат уситнување на деловите за разлика од стандардните чипови кои речиси и да не можеме повеќе да ги намалуваме.
Чипот „Бореалис“ е особено напреден во тоа што секоја квантна порта е програмабилна, и додека другите чипови исто така ја користат оваа функционалност, тие допрва треба да постигнат квантна надмоќ. Истражувачите веруваат дека оваа работа е огромна пресвртница во туркањето напред на квантните чипови.
„Ова дело е критична пресвртница на патот кон практичен квантен компјутер, потврдувајќи ги клучните технолошки карактеристики на фотониката како платформа за оваа цел“, пишуваат авторите.
Иако сето тоа е исклучително ветувачко, квантните компјутери имаат да поминат долг пат. Засега за нив нема практична примена. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство неодамна го купи својот прв квантен компјутер за тестирање, но може да поминат уште многу години додека таквите компјутери да бидат во опсег.
Тие се надградба на обичните компјутери со тоа што наместо со единици и нули работат со четири комбинации на субатомските честички. Тоа им дава можност одеднаш да проверат неколку решенија за ист проблем, наместо да проверуваат резултат по резултат.