ПУТИН СТРАВУВА ОД ПУЧ, ГИ СПРЕМА СЛУЖБИТЕ Протече документ кој објаснува како ФСБ ќе го спасува Кремљ
Всушност, веќе на 26 октомври, службата ФСБ организирала „тактички вежби за неутрализирање на терористичките закани за заштита на клучните државни служби“ во Москва тој ден. Луѓето кои наоружани тој ден шетаа по улиците не беа пучисти туку маскирани членови на ФСБ.
Депресија, паника и анксиозност можат да се појават меѓу највисоките воени офицери во Русија, а ова би можело да доведе во пуч, државен удар од кој федералната служба за безбедност ФСБ ќе мора да ја спасува Русија. Рускиот портал Инсајдер дошол до таен документ од ФСБ во кој службата во четири чекори објаснува на кој начин ќе ги смирува страстите во Кремљ доколку дојде до хаос кој потоа може да се прелее на улиците во Москва.
Всушност, веќе на 26 октомври, службата ФСБ организирала „тактички вежби за неутрализирање на терористичките закани за заштита на клучните државни служби“ во Москва тој ден. Луѓето кои наоружани тој ден шетаа по улиците не беа пучисти туку маскирани членови на ФСБ. Но, ова е само почетокот на она што тие го нарекуваат „План за морално-психолошка поддршка на мировната транзиција на Дирекцијата за операции на ФСБ“.
Извештаи за психата и моралот на офицерите
Во првиот чекор наведен во документот наброени се мерките што ќе се спроведат пред прогласувањето на воена состојба. Тоа се разни извештаи за психолошката состојба во која се наоѓаат офицерите и нивните фамилии и блиски.
Ќе пробаат да им го кренат моралот
Втората фаза се однесува на периодот на „зголемена“ воена подготвеност. Службата ќе ги извести офицерите за состојбите во светот, ќе ги интервјуира, а за да им го зајакне моралот ќе проба и да ги однесе во Куќата на славните и историјата на ФСБ во Кремљ и Казанската катедрала во Москва.
Офицерите ќе мора да бидат евакуирани
Третата фаза се однесува на подготовките за „воената закана“. Тоа се неделни обуки од минимум еден час во кои ќе се симулира евакуација на членовите на Кремљ, гардата, семејставата. Психолози ќе помагаат во обуката.
Херојство и злосторство, полицајците се најкревки
Во четвртата фаза, од Управата ќе биде побарано ФСБ да им ги објасни на сите релевантни службеници руските закони во врска со воените злосторства и да спречи создавање конфузија и паника меѓу воените офицери и нивните семејства. Дополнително, тие ќе треба да им покажат на другите членови на ФСБ примери на херојство и храброст на вработените во ФСБ.
Се вели дека помладите полицајци се особено подложни на невропсихолошка нестабилност. Од службата ФСБ како политички најмудри во фелата треба да се грижат за најмалку квалификуваните. Тие психолошки ранливи службеници можат да бидат испратени во болница.
Медиумите се сепак најголемата закана
Медиумите од секаков вид се сметаат за најголема закана. Се наведува дека агенти на странски разузнавачки служби би можеле да стапат во контакт со водачи на општествени движења, невладини, верски и псевдорелигиозни организации и роднини на офицери на ФСБ. Посебно се истакнуваат поединците кои се способни „психолошки да влијаат на персоналот“ и кои поседуваат „хипнотички способности“.
За спроведување на споменатиот таен план на ФСБ е задолжен заменик директорот на службата, Александар Комов, кој своевремено работел и за Борис Елцин. Најновата верзија на планот ја подготвил искусниот Решит Бухарин, член на Кадровската служба на ФСБ. Инсајдер наведува дека Бухарин важи за голем интелектуалец, а има објавено и неколку научни трудови за заштита на високи владини функционери.
Плусинфо веќе пишуваше за бунтовите кои би можеле да ги спроведат незадоволните Кадиров и Пригожин, „незадоволните војводи на Путин“ кои мислат дека сега е нивниот момент „да сјаат“.