ПУТИН САКА ДА ОСВОИ 3 ГРАДА ВО ЕВРОПА? Руската државна телевизија направи емисија за „грешката на Ленин и Сталин“
Тие градови се Нарва во Естонија, Даугавпилс во Латвија и Клаипеда во Литванија. Нивните руски имиња се Нарва, Двинск и Мемел.
Рускиот претседател Владимир Путин мора да ја исправи „историската грешка“ на Ленин и Сталин, тврди рускиот генерал-мајор Николај Плотников. На руската државна телевизија тој предупреди на окупацијата на Кремљ на три града со значајни врски со Русија и населението кое некогаш било дел од империјата Романови и од СССР, пишува „Дејли мејл“.
Тие градови се Нарва во Естонија, Даугавпилс во Латвија и Клаипеда во Литванија. Градовите се наоѓаат во три балтички републики кои се во НАТО.
– Помладите колеги ми рекоа дека е време да се исправи историската неправда извршена од Владимир Ленин, кога Руската империја се распаѓаше и Јосиф Сталин – изјави за државната телевизија Плотников, сега политиколог и професор на Институтот за пропаганда за ориентални студии во Москва.
Ова, според Плотниов, прераснало во барање „Нарва, Двинск (сега познат како Даугавпилс) и Мемел (сега познат како Клајпеда) да бидат вратени во Русија“ . Тој ги предупреди трите балтички држави да престанат да ја поддржуваат Украина или да се соочат со последиците . „
– Затоа ќе им порачам на сите (балтичките нации) да не прават проблеми… Во спротивно, нашиот народ ќе го покрене ова прашање – рече Плотников.
Ваквиот потег би го активирал членот 5 од НАТО , според кој напад врз еден е напад врз сите членки, што би довело до единствен одговор против агресорот. Меѓутоа, според германски „Шпигел“ балтичките земји и Полска имаат намера да испратат свои војници да ѝ помогнат на Украина доколку руската армија постигне значителни успеси на фронтот.
„Балтичките земји и Полска нема да чекаат Русите да се распоредат, туку ќе испратат свои сили во Украина “, се вели во соопштението.
Според весникот, тие четири земји немаат намера да „седат и да чекаат“ за да се судрат со Русите на нивните граници. Истовремено, од ова сценарио се плаши германскиот канцалер Олаф Шолц, кој смета дека ваквиот потег може да ја ексалира војната, тврди весникот.
Во меѓувреме, Шолц ја фали германската и американската воздржаност во однос на испраќањето војници во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврди дека потпишал договор за испраќање француски војници во Украина, додека Белгија и Украина потпишаа договор за испраќање авиони Ф-16