ПУТИН ПРКОСИ НА НАЛОГОТ ЗА НЕГОВО АПСЕЊЕ Се појави на Крим, на деветгодишнината од анексијата на островот (ФОТО+ВИДЕО)
Рускиот претседател Владимир Путин се појави прв пат во јавноста откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење, обвинувајќи го дека е одговорен за воени злосторства извршени во Украина.
Путин пристигна во Севастопол, Крим, по повод одбележувањето на деветгодишнината од анексијата на овој остров, пренесува агенцијата РИА Новости.
Русија го анектираше овој остров во 2014 година, а меѓународната заедница го осуди овој потег како незаконски.
Путин приехал в Севастополь сам за рулем. 😎 pic.twitter.com/srXTtfGHBe
— ALEKSEY (@aleksejtank1820) March 18, 2023