ПУТИН ОРГАНИЗИРА КОНТРА ЕВРОВИЗИЈА Ние ќе одиме на Евросонг, на Интервидение или ќе си седиме дома?
Рускиот претседател нагласи дека натпреварот, закажан за 20 септември, треба да промовира „традиционални, културни и духовни вредности и да понуди алтернатива на модерната Евровизија“. Ќе настапуваат и Србија и САД.
Рускиот претседател Владимир Путин го враќа Интервидение (Интервизија), музичкиот фестивал кој некогаш, во ерата на Студената војна, фунцкионираше како музички ривал на Евровизија во источниот блок.
На конференцијата за азиска безбедност, Путин нагласи дека натпреварот, кој ќе се одржи на 20 септември во Москва, треба да промовира „традиционални, културни и духовни вредности и да понуди алтернатива на модерната Евровизија“.
Најавените земји се Азербејџан, Белорусија, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Казахстан, Катар, Кина, Колумбија, Куба, Киргистан, ОАЕ, Русија, Саудиска Арабија, Србија, САД, Таџикистан, Узбекистан и Јужна Африка.
Србија ќе ја претставува Слободан Тркуља, САД Брендон Хауард, Русија Шаман (Јарослав Дронов), чиј партнер е Екатерина Катја Мизулина, претседател на Руската лига за безбеден интернет.
Западни медиуми шпекулираат дека на учесниците им се нудат пари за да присуствуваат на генералната проба и на натпреварот. Строго им е забрането да носат жолта и сина боја, националните симболи на Украина, искинати фармерки или облека со логоа.
Интервизија, или Интервидение, стартуваше во 1965 година во Чехословачка — во Прага, а потоа и во Братислава и во Карлови Вари. По пауза од неколку години, фестивалот се одржуваше во Полска од 1977 до 1980 година. Фестивалот вклучуваше и изведувачи од надвор од Европа, како Куба, Перу и Нов Зеланд.
Интервидение престана да се одржува во 1980 година, делумно поради политичките и социјални турбуленции во источниот блок. Потоа имаше обиоди за повторувања преку локални музички фестивали во различни земји, но тие не беа официјални изданија на Интервидение.
Еден конкретен обид имаше во 2008 година, со натпреварот „Пет звезди. Интервидение“ во Сочи, Русија, но тој остана единствен обид и не доби продолжение.