ПУТИН МОЖЕ ДА ПОСЕГНЕ ПО ЕВРОПА СЛЕДНАТА ЗИМА? Европското разузнавање стравува дека Истокот на континентот може да остане „гол“
Германскиот тинк-тенк DGAP издаде претходни предупредувања до западните земји, сугерирајќи дека Русија може да изврши директен напад против НАТО „за шест до 10 години“. Исто така, полската агенција за национална безбедност изрази поитна загриженост, проценувајќи дека Русија потенцијално би можела да го нападне НАТО за помалку од 36 месеци. Од друга страна „Њујорк Тајмс“ цитира двајца поранешни руски функционери кои велат дека Путин испратил сигнали дека е подготвен да го прекине огнот во Украина, но не би ја поместил војската ниту еден метар назад.
Русија „веќе покажа дека има волја да нападне сосед“ изјави Хофан за белгискиот медиум VRT додека ги посетуваше белгиските војници стационирани во Романија.
– Јазикот на рускиот претседател Владимир Путин е секогаш двосмислен. Апсолутно е можно подоцна да имаат и други идеи. Или на југ во Молдавија или балтичките држави – вели тој и додава дека дури и ако силите на Москва во моментот изгледаат ослабени поради нивната тековна војна против Украина, оваа слабост е „привремена“.
Ако Русија победи во војната, таа „на крајот ќе ја обнови воената машина и ќе ги обнови своите вооружени сили“ предупреди началникот на армијата.
Напад во трите месеци додека САД бираат претседател?
Од друга страна, германскиот таблоид Билд изјави на 23 декември, цитирајќи анонимен европски разузнавачки извор, напиша дека европското разузнавање сугерира дека Русија може да изврши напад врз Европа во текот на зимата 2024-2025 година, доколку Соединетите Држави се најдат „без лидер“ по претседателските избори во САД во 2024 година, пишува Јаху.
Изворот на разузнавачката служба тврди дека потенцијалниот руски напад врз Европа би можел да се случи во текот на претседателскиот преоден период, зависно од претседателот Џо Бајден да не обезбеди реизбор на претседателските избори во САД во 2024 година. Овој преоден период трае три месеци, од претседателските избори во САД во ноември 2024 година до следната инаугурација во јануари 2025 година.
Според разузнавачкиот извор, Русија може да има за цел да изврши напад врз Европа за време на оваа транзиција, особено ако водечкиот републикански кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, е реизбран. Се очекува да следи помош за европските земји, иако со одредено задоцнување.
Директен судар со НАТО за шест до десет години
Германскиот тинк-тенк DGAP издаде претходни предупредувања до западните земји, сугерирајќи дека Русија може да изврши директен напад против НАТО „за шест до 10 години“. Исто така, полската агенција за национална безбедност изрази поитна загриженост, проценувајќи дека Русија потенцијално би можела да го нападне НАТО за помалку од 36 месеци.
Полските власти претходно сугерираа дека Русија би можела да таргетира членка на НАТО во Источна Европа, вклучително и земји како Полска, Естонија, Романија и Литванија.
Прекин во Украина, но поместување ниту метар!
Спротивно на овие анализи за проширена војна, „Њујорк Тајмс“ напиша дека Путин, почнувајќи од септември 2023 година, преку различни дипломатски канали сигнализира дека е подготвен да започне преговори за прекин на огнот во Украина. Весникот цитира двајца поранешни високи руски функционери блиски до Кремљ, како и претставници од САД и други земји.
Според изворите, Путин преку посредник кажал дека е подготвен да го прекине огнот и да ги замрзне непријателствата во сегашните граници.
– Подготвени сме да преговараме за прекин на огнот. Тие сакаат да останат таму каде што се сега на бојното поле – рече висок странски функционер кој се сретна со руските претставници есента.
Сепак, еден поранешен руски функционер изјавил дека Путин „навистина е подготвен да остане таму каде што е, но не е подготвен да се повлече ниту метар“, пренесува американскиот весник.