ПУТИН ИМА ТАЕН ПЛАН ЗА ЕВРОПА Ќе злоупотреби луѓе за да го дестабилизира континентот?
Една од авиокомпаниите идентификувана во таа операција е турскиот „Саутвинд“. Компанијата на хартија е турска што значи дека не подлежи на западните санкции.
Русија планира да основа авиокомпанија во Турција и преку оваа земја членка на НАТО организира проток на бегалци кон Европа со што ќе го дестабилизира контитентот, пишува германски „Билд“. Весникот ја споредува оваа стратегија со ситуацијата во Финска кога имаше намерен прилив на мигранти.
Финска неодамна ги затвори сите граници со Русија поради проблемот со беглаци. Земјата смета дека Русија ѝ се одмаздува за членството во НАТО.
Сега полските власти предупредуваат на „нов, организиран прилив на бегалци преку Русија и Белорусија“, пишува „Билд“. Една од авиокомпаниите идентификувана во таа операција е турскиот „Саутвинд“. Компанијата на хартија е турска што значи дека не подлежи на западните санкции.
Белоруските власти во петокот објавија дека компанијата ќе почне да лета меѓу големите градови во Турција и Белорусија. Според msn.com компанијата по многу ниски цени ќе превезува мигранти од Турција од Белорусија.
Компанијата „Саутвинд“ на својата вебстраница објави дека планира и летови од Турција до Хелсинки од април до почетокот на есента, пишува порталот Yle.fi.
Статијата потсетува дека белорускиот претседател Александар Лукашенко веќе неколку години се заканува дека ќе испрати мигранти во Полска.
Тензии меѓу Полска и Белорусија имаше неодамна кога голем број мигранти се обидоа да преминат преку оградата на границата, а според полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, белоруските граничари со секачи, завртки и скали им помагале да преминат“.