📷 ПУТИН ЌЕ МУ ГО ПРЕДАДЕ КРЕМЉ НА НЕГОВИОТ ТАЕН СИН? Нови шокантни информации за плановите на рускиот лидер

Според шокантното тврдење, Владимир Путин би можел да го подготвува за власт својот таен 9-годишен син со руската гимнастичарка Алина Кабаева, додека планира да спроведе уставни промени во системот на владеење во Русија.

1,298

71-годишниот руски лидер Владимир Путин, сака да ги доведе своите две постари ќерки на власт за да дејствуваат како потенцијални „регенти“ доколку неговото здравје пропадне, се наведува во новите шокантни тврдења што ги објавија британските медиуми.

Според новата бизарна теорија,  Путин сака да продолжи да владее со Русија додека неговиот таен син Иван не наполни 18 години и не ја преземе власта во Кремљ како нов цар на земјата.






Ова би значело промена на рускиот устав – кој Путин претходно немаше проблем да го промени – кој налага претседателот на државата да има повеќе од 35 години.

Оваа теорија за плановите на Путин доаѓа од рускиот адвокат, поранешен пратеник и политички експерт Марк Фејгин (52), кој своевремено го застапуваше култниот антипутински панк бенд Пуси Рајот, пишува Сан.

Во разговор со украинскиот ТВ водител Дмитриј Гордон, Фегин рече дека Путин има два мали сина со својата долгогодишна девојка, гимнастичарката Алина Кабаева (40).

Путин јавно ги признава двете ќерки што ги има со поранешната сопруга Људмила, но се шпекулира дека има уште деца.

Се верува дека Путин и неговата долгогодишна љубовница Алина Кабаева се венчале во тајност.
Фејгин вели дека нивниот наводен постар таен син Иван има 9 години и веќе го подготвуваат за претседателската функција.

Долго време се шпекулира дека синот на Путин е роден во ексклузивна приватна клиника во Швајцарија. Додека вториот син на Путин со Кабаева, Владимир јуниор, наводно е роден 4 години подоцна во Москва во 2019 година, а за породувањето и во двата случаи, наводно, била задолжена истата докторка со советско потекло Наталија Тибо Кондратјева (63).

Докторката ненадејно почина пред една година, четири дена пред да биде објавена нејзината улога во наводното раѓање на синовите на Кабаева.
Путин – кој сигурно ќе обезбеди трет мандат на изборите овој месец без ниту еден вистински ривал – планира „династичен трансфер на власта во тоталитарниот систем“, тврди Фејгин.

– Ова му е важно. Во следните 12 години тој мора да создаде услови во системот никој освен неговите наследници да не може да биде на чело на државата. Во овој брак (со Кабаев) има синови, тоа е апсолутно точно. Тоа го утврдија и потврдија многумина… Таа дефинитивно има два сина… тоа се Иван и Владимир – изјави Фејгин.

Фејгин објасни дека Путин би можел „преку ноќ“ да спроведе уставна промена што ќе овозможи рано наследување во кралски стил од страна на синот, наместо да ја чека 35-тата година.

– За Путин оваа опција е секако најдобра. Тоа е златната опција. Ако има син што ќе седне на тронот, дури и ако има група регенти составени од неговите ќерки, или други… некако ќе го формализираат сето тоа – истакнува рускиот адвокат.

Фегин посочи дека Русија е премногу „сексистичка“ за Путин да им ја предаде власта на своите ќерки Марија Воронцова (38) и Катарина Тихонова (37).

Истото важи и за неговата наводна тајна ќерка Луиза Розова – детето за кое се шпекулира дека го добил со Светлана Кривоногих (48), поранешна хигиеничарка која преку ноќ стана мултимилионерка.

Се верува дека Луиза, која наполни 21 година, студира во западна престолнина додека руската војна во Украина се одолговлекува.

Но Фејгин истакнува дека двете признати ќерки на Путин „сигурно“ ќе бидат донесени на власт бидејќи му „требаат“.

Тој предвиде дека неговата ќерка Марија – која ненадејно се најде во центарот на вниманието во последните месеци – ќе стане министерка за здравство по изборите.

Нејзината помлада сестра Катарина би можела да биде министер за образование, предвиде Фејгин.

Фејгин признава дека работите може да тргнат во друга насока од неговата визија за планираното наследување на Русија од Путин, во зависност од дали неговите сојузници од тајната служба ќе останат лојални додека тој старее.

 

Поврзани содржини