🎥 ПУТИН ДОЦНЕЛ ДВА ЧАСА, НО ЧЕКАЊЕТО СЕ ИСПЛАТИЛО Интервјуто на Такер Карлсон за 6 часа го виделе над 55 милиони луѓе!

Клипот, кој Карлсон го објави на својот профил на Твитер, има 36.000 коментари, додека корисниците истовремено објавија милион и пол објави во кои се споменува рускиот претседател.

850

Интервјуто на американскиот новинар Такер Карлсон со рускиот претседател Владимир Путин за шест часа го погледнале повеќе од 55 милиони луѓе и тоа само на социјалната мрежа Х!

Клипот, кој Карлсон го објави на својот профил на Твитер, има 36.000 коментари, додека корисниците истовремено објавија милион и пол објави во кои се споменува рускиот претседател.






Такер Карлсон рече дека Путин доцнел два часа на интервјуто поради обврски.

Разговорот во Кремљ, да потсетиме, траеше 2 часа и 7 минути. Карлсон и Путин, очекувано, најмногу разговараа за Украина, а се осврнаа и на бројни други теми, меѓу кои американско-руските односи, саботажа на Северен тек, подемот на Кина, БРИКС, вештачката интелигенција…

Поврзани содржини