ПУТИН БИЛ ВМЕШАН ВО АФЕРА СО КОКАИН? Во 1993 година беше запленета најтешката пратка во Русија (ВИДЕО)
Дојдов во Холандија и барав пријател таму. Тој ме замоли да организирам контејнер со кокаин од Колумбија до Русија. Требаше да добијам меѓу четири и пет милиони долари. Немам докази, но Собчак... знаеше. Требаше да добие пари од тоа. Видете ја адресата, пишува дека пратката е испратена до санитарниот оддел на Канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург, изјави за РСЕ Шемтов Михтави, кој помина шест години во израелски затвор поради шверцот на кокаин.
Рускиот претседател Владимир Путин бил вмешан во шверц на кокаин во 1993 година, кога најголемата пратка некогаш запленета во Русија требало да стигне во кабинетот на градоначалникот Анатолиј Собчак, чиј советник тогаш бил Путин. Не е докажано дали Путин знаел за пратката која ја нарачал Собчак. Запленетиот кокаин набрзо исчезнал, но сега се откриени нови детали, пишува Радио Слободна Европа.
Заматено видео од тоа време, снимено од руската разузнавачка служба, ја покажува заплената на кокаинот, кој наводно требало да биде користен за медицински цели. Виктор Черкезин, тогаш висок полициски функционер во Санкт Петербург, на прес-конференцијата го пофалил големиот успех на акцијата и најавил дека запленетиот кокаин ќе се користи за медицински цели.
Кокаинот исчезнал, а бил наменет за „медицински цели“
Еден локален весник, чиј уредник била сопругата на Черкезин, тогаш напишал дека кокаинот бил „наменет за медицински цели на тајна локација“, но според Радио Слободна Европа новинарот подоцна признал дека имал врзани очи на „тајна локација“ и никогаш не го видел кокаинoт.
Черкезов бил близок со Путин, кој тогаш бил началник на одделот за надворешни работи на градот, а пред тоа заедно служеле во КГБ. Кога Путин дојде на чело на ФСБ во 1998 година, руската разузнавачка служба, наследничка на КГБ, го назначи Черкезов за негов заменик.
Радио Слободна Европа пишува дека мистеријата за исчезнатиот кокаин во меѓувреме е предмет на неколку новинарски истраги и многу шпекулации. Поранешен човек на КГБ тврди дека Путин бил вмешан во шверц на дрога, а на британските истражители им рекол дека поранешниот агент на ФСБ Александар Литвиненко бил отруен со полониум во Лондон во 2006 година, кој имал докази за вмешаноста на Путин во исчезнувањето на запленетата пратка кокаин во 1990-тите.
In 1993, law enforcement officers in St. Petersburg discovered a ton of cocaine in a humanitarian shipment. The organizer of the smuggling, with whom we spoke, is sure that the city authorities knew about the drugs, and that this cargo “brought Putin personally $7-10 million. https://t.co/fbGMF1gE6i
— An0nym0us info CZ (@ym0us_an0n) May 21, 2022
Пратката вредела меѓу четири и пет милиони долари
Ова никогаш не е докажано, но РСЕ пишува дека истрагата на нивните новинари фрлила ново светло врз доаѓањето на Путин на власт во 2000 година.
– Како што знаете, Русија имаше голем проблем со корупцијата на почетокот на 1990-тите. Лесно беше да се поткупат цариниците – изјави за РСЕ Шемтов Михтави, кој помина шест години во израелски затвор поради шверцот на кокаин.
Михтави беше член на криминална група, а подоцна напиша книга за тоа со наслов „Операција Акапулко“.
– Дојдов во Холандија и барав пријател таму. Тој ме замоли да организирам контејнер со кокаин од Колумбија до Русија. Требаше да добијам меѓу четири и пет милиони долари – изјави Михтави за РСЕ.
Собчак знаеше, Путин можеби и не знаеше
Дрогата била скриена во лименки со мелено месо кои наводно биле нарачани од кабинетот на тогашниот градоначалник на Санкт Петербург, Анатолиј Собчак. Но, никогаш не е докажано дека Собчак и неговиот заменик Путин знаеле што навистина има во пратката. Михтави, сепак, тврди дека Собчак сепак знаел.
– Немам докази, но Собчак… знаеше. Требаше да добие пари од тоа. Видете ја адресата, пишува дека пратката е испратена до санитарниот оддел на Канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург – вели Михтави, кој имал документи со адреса за пратката.
Собчак и Донат мртви, кокаинот стигнал само до првата царина
РСЕ пишува дека досега необјавените документи на израелската полиција го наведуваат името и на уште еден осомничен, познат бизнисмен Оскар Донат од Санкт Петербург. Тој беше уапсен, но набрзо беше ослободен поради недостиг на докази. Наводно, кокаинот бил испратен до приватниот царински терминал на Донат, регистриран во градското одделение за надворешни работи, со кое раководел Путин непосредно пред запленувањето на дрогата.
Во документите се споменува и возачот Василиј Диденко, кој бил ангажиран од еден од соработниците на Михтави. И Собчак и Донат денеска се мртви. На прес-конференција во 1993 година, Черкезов најави судења во врска со запленетиот кокаин, но тоа никогаш не се случи.