ПУШИ, ПУШИ, ПУШИМЕ, ГАЈЛЕ СИ НЕМАМЕ… Научниците предлагаат да се забрани купување цигари на лица под 22 години
На младите луѓе треба да им се забрани да купуваат тутунски производи до 22-годишна возраст, сугерираат научниците откако истражувањето покажало дека оние кои почнуваат да пушат пред 20-тата година потешко се откажуваат од оваа навика.
Научниците веруваат дека зголемувањето на законската минимална возраст под која на младите ќе им биде забрането да купуваат тутунски производи ширум светот може да ја намали зависноста од никотин.
Тимот од Јапонија прегледал 1.382 пушачи кои посетиле клиника за откажување од пушење во Кјото.
Пациентите биле поделени во две групи врз основа на годината кога почнале да пушат – помлади од 20 години или 20 години и постари.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.