ПРВО СЕ ВЉУБИЛ ВО ОХРИД, А ПОТОА ВО ЛЕЈЛА Турчинот Акин Сезер е омилениот охридски зет и производител на органска храна и зимници

Акин Сезер, родум од турскиот град Ајдин, првпат дошол во Охрид службено и кога во 2012 решил да остане, немал тука ниту роднини, ниту пријатели. Сега има сѐ, сопруга, осумгодишен син и земја на која одгледува органски зеленчуци од турски семиња и македонски специјалитети со необични додатоци.

1,868

Акин Сезер е роден во турскиот град Ајдин и кога во 2012 решил да се пресели во Охрид каде што дошол службено, немал тука ниту роднини, ниту пријатели. Сега има сѐ. Се запознал со охриѓанката Лејла, Турчинка со македонско државјанство, оформил семејство, има осумгодишен син и произведува органски зеленчуци од турски семиња и македонски специјалитети со необични додатоци. Патем, тој е омилениот охридски зет и во оваа деценија откако живее во Охрид, стекнал многу пријатели и соработници, а донел и многу туристи од родната Турција.

Се смета себеси за добар прогнозер на состојбите и вели дека никогаш досега не згрешил во проценките.






„Ја сфатив економската и политичката криза во Турција пред 10 години и се населив во Македонија. Последните 5 години економската и политичката криза се насекаде низ светот и ќе траат најмалку уште 5 години. Затоа, минимизирајте ги потребите во вашиот живот, ако имате можност, направете си градина и произведувајте за сопствените потреби или пазарувајте од локалните производители и избирајте производи кои се произведени тука, во земјава. Не чекајте да се разболите или да добиете деца за да почнете да се храните здраво и со органска храна. Под итно зголемете ја потрошувачката на зеленчук и овошје барем за 3 пати, бидејќи месото е најлошата храна што го зголемува ширењето на ракот…Нахранете домашно милениче или оставете вода и храна на соодветни места за бездомните животни и бидете нивниот најдобар пријател. И секако, почитувајте ја природата затоа што таа почнува да ни се одмаздува заради нашето непочитување“.

Вака започна нашиот разговор со господин Сезер.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини