ПРВО АНТИСЕМИТИЗАМ, СЕГА АУШВИЦ Илон Маск ќе го посети логорот во Полска
Посетата на Маск на Аушвиц доаѓа една недела пред Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.
Милијардерот Илон Маск патува во Полска каде ќе го посети логорот на смртта Аушвиц. Откако беше обвинет за антисемитизам на неговата социјална мрежа Икс, Маск сега ќе учествува на онлајн панел на кој ќе се дебатира во врска со антисемитизмот, пишува Индепендент.
Претходно, тој призна дека коментар кој го дал на Икс бил „една од најглупавите работи“ кои некогаш ги објавил на платформата. Се работи за негов коментар на објава во која се тврдеше дека, наводно, еврејските заедници поттикнуваат омраза кон белите луѓе, а под објавата Маск тогаш напиша „ја кажавте правата вистина“.
За коментарот на Маск стигнаа бројни реакции, меѓу кои и осуда од Белата куќа, но и од израелскиот претседател Исак Херцог.
Посетата на Маск на Аушвиц доаѓа една недела пред Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.
Посетата беше организирана од Европската еврејска асоцијација за да се подигне свеста за порастот на антисемитизмот по израелската инвазија на Газа како одмазда за нападите на Хамас на 7 октомври.