ПРВИОТ ДРОН Е НАПРАВЕН ВО 15 ВЕК! Скиците стари 500 години повторно оживeaa (ВИДЕО)

„Кримсон Спин“ е мал квадрокоптер без екипаж со крила инспирирани од дизајнот на Леонардo - „воздушна завртка“. Тој ја искористил завртката на Архимед за да го издува воздухот и да го обезбеди летот.

303

Во 1483 година, италијанскиот генијалец и ренесансната икона Леонардо да Винчи направи еден од најраните цртежи на роторно летало кое се придвижува со „воздушна завртка“ или „воздушен жироскоп“. Италијанецот, меѓу другото, бил сликар, инженер и научник. Мона Лиза и Тајната вечера се меѓу неговите ремек-дела.

Тим инженери од Универзитетот во Мериленд беа толку инспирирани од дизајнот на хеликоптерот на Леонардо да Винчи што ги искористија неговите скици стари 500 години за да развијат функционален дрон за да се натпреваруваат во дизајн на летот.






Тимот работи на леталото од 2019 година, а Остин Прет – член на инженерскиот тим – ја пријави нивната прва верзија наречена „Елико“ во 2020 година. Сосема случајно, тоа беше на 500-годишнината од смртта на Да Винчи, а тимот ја освои првата награда за неговиот дизајн. Сепак, незадоволен од својата работа, Прет помина уште 15 месеци развивајќи го „Кримсон Спин“, квадкоптер кој содржи неколку аспекти од оригиналниот дизајн на Леонардо.

„Кримсон Спин“ е мал квадрокоптер без екипаж со крила инспирирани од дизајнот на Леонардo – „воздушна завртка“. Тој ја искористил завртката на Архимед за да го издува воздухот и да го обезбеди летот.

 

– Дронот има четири пластични крила во облик на завртка, но наместо рачно да се ротира (или пумпа) како што предложил Леонардо, овие крила се напојуваат од батерии и електрични мотори – објави водечкиот технолошки сајт „CNET“. Тимот направил и неколку промени на дронот, на пример во брзината на пропелерот, со цел да се наведне во една или друга насока.

– Бев апсолутно изненаден, тоа функционираше – рекол Прет, а пренесува „CNET“.

Иако дронот направен од Прет е прилично мал, може да се зголеми до големина способна да носи човечки суштества, рече Прет, презентирајќи ги своите резултати и првата снимка од леталото што лета на конференцијата.

 

Поврзани содржини