ПРВАТА СПОЈКА НА РОБОТ И МОЗОК БЕШЕ НАПРАВЕНА ВО СКОПЈЕ! Светот го призна откритието на тројца македонски професори од 1988 година

Големината на откритието може да се увиди и на овој начин – следниот ваков експеримент во светот бил направен дури 11 години подоцна, во 1999 година, кога тимот предводен од Николелис од Универзитетот Дјук го искористи мозокот на стаорец за да контролира роботска рака.

743

Првото спојување на еден робот со човечки мозок во светот е направено во лабораторија на Електротехничкиот факултет во Скопје, во Македонија. Пионерското и епохално откритие се случило во 1988 година, кога двајца професори успеале со ЕЕГ-сигнали да придвижат робот на тркала по затворена линија со команди за движење и стоп.

Со други зборови постигната била психокинеза! За прв пат, воспоставена била врска помеѓу две, инаку далечни, научни области, роботиката и ЕЕГ-сигналите. Создаден е нов канал за комуникација помеѓу луѓето и роботите.






Големината на откритието може да се увиди и на овој начин – следниот ваков експеримент во светот бил направен дури 11 години подоцна, во 1999 година, кога тимот предводен од Николелис од Универзитетот Дјук го искористи мозокот на стаорец за да контролира роботска рака.

Најинтересното? Во експериментот направен во Скопје од страна на тројца професори бил користен алгоритам со машинско учење – нешто што денеска, во пософистицирана форма се користи кај вештачката интелигенција. Бил презентиран и блок-дијаграм за интерфејсот мозок-робот. Роботот, пак, со кој експериментирале бил купен од Јапонија, поточно од пазарот Акихабара во Токио четири години претходно, во 1984 година.

Експериментот при УКИМ го изршиле тројца: Стево Божиновски и Михаил Шестаков од Електротехничкиот факултет (сегашен ФЕИТ) и д-р Лилјана Божиновска од Институтот за физиологија, Факултет за медицински науки. Научниот извештај, тогаш во 1988 година, бил објавен во зборникот на Конференцијата на „IEEE Engineering in Medicine and Biology Society“ во Њу Орлеанс.

Денеска, 36 години подоцна, тие конечно добија признание за работата. Комитетот ИЕЕ им додели плакета за достигнувањето „Прва контрола на движењето на физички објект со помош на сигнали кои произлегуваат од човечкиот мозок, 1988 година“.

На плакетата, која ќе го краси Факултетот за електротехника и информациски науки стои напишано:

„Во 1988 година, во Лабораторијата за интелигентни машини и биоинформациски системи, сигналите на човечкиот мозок го контролираа движењето на физички објект (робот) за прв пат во светот. Овој поврзан електроенцефалограм (ЕЕГ) сигнали собрани од мозокот со истражување на роботиката, отворајќи нов канал за комуникација помеѓу луѓето и машините. Уредите контролирани со ЕЕГ (инвалидски колички, егзоскелети, итн.) имаат корист од бројни корисници и ја проширија улогата на технологијата во современото општество“.

Водач на тимот кој го реализира делото, проф. д-р Стево Божиновски го објасни целокупниот успех на истражувањето и значењето на македонската во светската наука.
На отворање на спомен плочата присуствуваа Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Светската професионална организација на инженери ИЕЕЕ, Саифур Рахман и професор д-р Стево Божиновски, поранешен професор на ФЕИТ, сега професор на универзитетот во Јужна Каролина во САД.

За деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Владимир Атанасовскипрвата роботска контрола од сигналите на човечкиот мозок претставува историски подвиг за нашата земја и за нашата наука.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова рeче дека „сите сме одговорни кон развивање на иновативни процеси за трансфер на знаења и технологии во општеството.

Поврзани содржини