ПРВАТА ПОЕМА НАПИШАНА ОД ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА „Алгоритмеа“ го следи стилот на поетот Стефан Марковски
Ефтим Клетников истакнува дека станува збор за „екстраексклузивна, апартна поема, која го има во својот епицентар Homo Technologicus, или Homo Digitalis. Тоа е карналниот човек создаден од оживеаната глина на Господ, кого сега го зграпчил дигиталниот Робеспјер, преведувајќи го целосно од онтологија во технологија.“
Деновиве од печат излезе „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“, прва поема „напишана“ од компјутерска програма, вештачкоинтелигентниот тест-софтвер Аполон СМ-165.exe. Делото на 85 страници е генерирано во лирско-епски облик според стилот на Стефан Марковски и е во издание на издавачката куќа „Полица“.
Ефтим Клетников истакнува дека станува збор за „екстраексклузивна, апартна поема, која го има во својот епицентар Homo Technologicus, или Homo Digitalis. Тоа е карналниот човек создаден од оживеаната глина на Господ, кого сега го зграпчил дигиталниот Робеспјер, преведувајќи го целосно од онтологија во технологија.“
Поемата, проект кој беше резултат на тестирањето на два типа софтвер, поаѓа од еден умствен експеримент во теоријата на вештачката интелигенција познат како Базилискот на Роко. Во неа е приложен и дел од кодот врз основа на кој истата беше генерирана од програмскиот јазик Python.
Во книгата се вклучени илустрации од Вангел Срнаков.