ПРВАЧИЊА ЛИ СЕ, МАНЕКЕНИ ЛИ СЕ?! Финските родители им купуваат на децата носена облека, а ние богатите – само брендирана
Финските родители, кои како и сите други во светот, ги сакаат своите деца, таа љубов не ја покажуваат со купување скапи работи, без смисла и цел. Тие не ги испраќаат своите деца на училиште во брендирана облека, во која не смеат ниту да играат, бидејќи можат да ја скинат или да се извалкаат, во која не може да трчаат низ дворот и да се превртуваат по тревата, туку облека која е удобна, скромна и погодна за деца.
Децата тргнаа на училиште и интернет просторот се наполни со фотографии од малите манекени дотерани баш како за на модна ревија. И така е секоја година.
Токму на оваа тема е текстот на Тарја Митровиќ, авторка на блогот „Моја Финска“, објавен во 2014 година, каде што таа опишува како родителите во Финска ги подготвуваат своите деца за почетокот на учебната година и ги споредува со родителите од Србија и регионот. Се разбира, истата споредба важи и за Македонија.
„Иако разбирам дека родителите во Србија имаат многу финансиски трошоци за „бесплатно образование“, мислам дека многумина креваат непотребна тензија во куќата, грижејќи се за помалку важни, но и неважни работи. Купување скапи работи, брендирани патики, најубави италијански тетратки кои чинат 5 пати поскапо од купените во супермаркетите, чанти кои светат, а кои чинат како да се чанти што зборуваат… нови брендирани гардероби… сѐ само за нивните деца да не се облечени полошо од другите, навистина е трка која е осудена на пропаст и има лоша порака.
Децата во таа конфузна ситуација, наместо да сфатат дека одат на училиште за да научат многу убави и корисни работи, погрешно сфаќаат дека во училиште мора да бидат модерни и со подобра опрема од другите, за да бидат важни, забележани и прифатени.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.