ПРВ СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА ПАРАЛИЗА ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ Тригодишно девојче во Ерусалим заболено од опасниот вирус

Тригодишно девојче во Ерусалим, Израел, е првиот случај на детска парализа во блискоисточна земја по повеќе од 30 години, објавија локалните власти, пишува Дејли Мејл.

399

Неименувано девојче од три години во Ерусалим, Израел е потврдено како прв случај на детска парализа во земја од Блискиот Исток после повеќе од 30 години. Девојчето не било вакцинирано против вирусот, кој во голема мера е искоренет ширум светот поради широко достапните вакцини.

Ова е прв случај на овој опасен вирус во Израел од 1988 година.






Официјалните лица сѐ уште не го утврдиле потеклото на инфекцијата или дали девојчето ја пренела на некој друг. Полиомиелитис или полио е вирусна инфекција која може да биде катастрофална, предизвикувајќи парализа на заразеното лице. Вакцините се широко достапни, иако вирусот и натаму останува закана за младите во Авганистан и Пакистан.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини