ПРВ СЛАДОЛЕД Кога детето може да го јаде омилениот летен десерт?
И возрасните и децата ги сакаат летните задоволства, но како и со повеќето десерти, родителите се прашуваат кога би можеле да му ги понудат на своето дете. Ви донесуваме и два рецепти за домашен сладолед
„Сладоледот е неизбежен дел од летната исхрана, па затоа често се поставува прашањето кога може да им се даде и на оние најмалите. Иако, нема точна препорака, поради поголемата содржина на шеќер и температурата на производот, не е препорачливо да му се дава на дете пред да наполни една година, па дури и нешто подоцна“, објаснува нутриционистката Тена Нисетео.
Во првата година, исхраната треба да се базира на природна храна и да се избегнуваат индустриска храна, како што се слатки и грицки.
„Индустриските сладоледи содржат адитиви и шеќери, но затоа домашниот сладолед може да се понуди веќе од навршена една година бидејќи комбинацијата од овошје и млеко или јогурт може да биде добар меѓуоброк“, објаснува нутриционистката.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“, додека пак на нашиот портал „Арт кујна“ можете да најдете два основни рецепти за домашни сладоледи погодни и за возрасни и за деца од навршена една година живот.